понеделник, јуни 29, 2026
Дома СВЕТ Трамп и Шји се согласија за Ормускиот теснец

Трамп и Шји се согласија за Ормускиот теснец

222
EPA/Maxim Shemetov / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Шји Џинпинг на денешната средба во Пекинг се согласија дека Ормускиот теснец „мора да остане отворен“ и дека Иран „никогаш не смее да има нуклеарно оружје“, соопшти Белата куќа.

Војната во Иран требаше да биде една од главните теми на долгоочекуваниот самит меѓу Шји и Трамп – Иран јавно ја изрази својата желба Кина да ги повтори своите услови за евентуален мировен договор со САД.

„Двете страни се согласија дека Ормускиот теснец мора да остане отворен за да се поддржи слободниот проток на енергенси“, соопшти Белата куќа во соопштението по состанокот, објави CBS News.

„Претседателот Шји, исто така, јасно стави до знаење дека Кина се спротивставува на милитаризацијата на теснецот и на секој обид за наплата за негова употреба и изрази интерес за купување повеќе американска нафта за да се намали зависноста на Кина од теснецот во иднина. Двете земји се согласија дека Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје.“

Пред состанокот, државниот секретар Марко Рубио изјави за Фокс њуз дека „јасно им ставивме до знаење дека секоја поддршка за Иран очигледно би била штетна за нашите односи“. Тој тврдеше дека Кина има интерес да се справи со влијанието на иранскиот конфликт врз снабдувањето со нафта и „се надеваме дека ќе ги убедиме да играат поактивна улога“.

Во извештајот не се споменува Тајван, иако кинеските медиуми објавија дека шји го покренал прашањето.

ИЗДВОЕНИ