петок, ноември 13, 2026
Дома СВЕТ Извори: Европските лидери го договорија составот на преговарачкиот тим за разговорите за...

Извори: Европските лидери го договорија составот на преговарачкиот тим за разговорите за Украина

0
EPA/OLIVIER HOSLET

Европските лидери собрани на самитот во Даблин денес се согласија Германија, Франција, Италија, Полска, Обединетото Кралство и претставници на институциите на Европската Унија да учествуваат во разговорите со САД, Русија и Украина, изјавија четири извори за Ројтерс.

Во исто време, извори од канцеларијата на италијанскиот премиер Џорџо Мелони, во палатата Чиги во Рим, оценија дека на самитот на ЕУ во Даблин е постигнат важен договор за формирање европски преговарачки тим за Украина, пренесува Анса.

„Постигнат е важен политички резултат: дефиниран е европски формат за мировни преговори, во согласност со барањето на премиерот Џорџо Мелони изнесено во писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста. Ова е форматот Е5, кој ги вклучува Франција, Германија, Италија, Полска и Обединетото Кралство, заедно со претставници на Европската комисија и Европскиот совет“, соопштија извори од канцеларијата на италијанскиот премиер.

ИЗДВОЕНИ