Силни ветрови и бури погодија 11 провинции во Турција, вклучувајќи го и Истанбул, каде што беа соборени дрвја, оштетени автомобили и потонати некои рибарски бродови, додека две лица беа повредени во Бурса.
Поради прогнозата за обилни врнежи од дожд и бурен ветер, издадено е жолто предупредување за 11 провинции, објавува Хуриет.
Според турскиот Генерален директорат за метеорологија, врнежи од дожд, придружени со грмотевици на места, се очекуваат во јужните делови на регионот Мармара, на егејскиот брег и во внатрешноста на западниот дел на Црното Море, како и во некои други области на земјата.












