четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Трагедија во средно училиште: Пукање по церемонијата на матура, има мртви и...

Трагедија во средно училиште: Пукање по церемонијата на матура, има мртви и ранети/ВИДЕО

0
Фото: Youtube printscreen/@ABC10

Еден тинејџер е убиен, а три лица се ранети во пукотница што се случила по церемонијата на матура во средно училиште во градот Ферфилд, северно од Сан Франциско.

Локалната полиција реагирала на повикот за помош околу 19 часот и 15 минути по локално време, откако во станицата пристигнала дојава за истрели на училишниот паркинг. Меѓу ранетите во престрелката има и едно 11-годишно дете, како и двајца помлади мажи на возраст од 20 и 25 години, кои веднаш биле пренесени во болница.

Според информациите од училишната област Ферфилд-Суисун, крвавиот настан се случил по церемонијата на дипломирање во средното училиште „Сем Јето“, кое го дели истиот кампус со средното училиште „Ферфилд“.

Очевидци за медиумите раскажуваат дека на паркингот во тој момент имало голем број ученици со нивните семејства и пријатели кои се фотографирале, по што одеднаш настанало паника и луѓето почнале масовно да бегаат.

Истражните органи соопштија дека истрагата на терен е во тек, детали за можниот осомничен сè уште не се објавени, но засега нема информации кои укажуваат на нова непосредна закана за безбедноста на заедницата.

ИЗДВОЕНИ