Најмалку 18 лица загинаа во пожар што денеска зафати зграда во станбена област во Њу Делхи, соопштија локалните власти. Тие рекоа дека најмалку седум лица се повредени во пожарот, објави АП. Претставникот на противпожарната служба Абхилаш Малик изјави дека пожарникарите спасиле 37 лица од зградата.
Пожарот е изгаснат, а причината за избувнувањето сè уште не е позната.
Пожарите се честа појава во Индија, каде што градежните прописи и безбедносните стандарди често се прекршуваат за време на градењето.











