четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Трагедија во Белград: Девојка (25) скокнала од 5-ти кат на Филозофскиот факултет...

Трагедија во Белград: Девојка (25) скокнала од 5-ти кат на Филозофскиот факултет откако била активирана пиротехника

3685
Фото: Instagram printscreen/192.rs

Полицијата ги истражува околностите на трагичниот настан што се случи синоќа пред Филозофскиот факултет во Белград, каде што беше пронајдено телото на жена, на возраст од околу 25 години.

Началникот на полициската станица Стари Град, Раденко Ресановиќ, изјави дека полицијата добила пријава во 22:40 часот дека на платото пред факултетот е пронајдена жена без знаци на живот, по што полициските службеници веднаш излегле на местото на настанот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

„Според првичните информации добиени од очевидци, на петтиот кат од Филозофскиот факултет биле активирани и запалени пиротехнички средства, по што, како што се сомнева, женско лице – најверојатно студентка на факултетот – скокнала од прозорецот“, рече Ресановиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Тој истакна дека за настанот е известено надлежното обвинителство, кое наложило истрага.

„Нашите екипи се на лице место, во тек е утврдување и документирање на сите траги, како и собирање изјави од очевидци“, рече Ресановиќ, нагласувајќи дека пиротехничките средства, кои биле активирани, биле изгаснати по одредено време од страна на вработените во факултетот и дека, засега, „не е познато како влегле во зградата“.

Тој особено нагласи дека неправилната употреба на пиротехнички средства е исклучително опасна и може да има сериозни последици, повикувајќи ги граѓаните да се однесуваат одговорно.

Професорот Владимир Вулетиќ остро ги критикуваше деканот на Филозофскиот факултет, Данијел Синани, и ректорот, Владан Ѓокиќ, за синоќешната трагедија во која загина едно девојче, тврдејќи дека студентите биле ставени во опасна ситуација.

„Ужасно, вознемирувачки, неразбирливо. Голема трагедија за која е првенствено одговорен деканот“, изјави Владимир Вулетиќ, професор на Филозофскиот факултет, во изјава за Ало.рс.

Видливо потресен од несреќата што се случи синоќа, професорот Вулетиќ вели дека одговорноста е и на ректорот, Владан Ѓокиќ.

„Будали, што друго да кажам. И тој и деканот Синани. Ги турнаа тие деца да се судрат со полицијата, а сега се случи ова. Велеа дека стоеле пред нив, а всушност се криеле зад студентите, демнејќи позиции и можности за нивниот политички просперитет“, рече Вулетиќ.

Професорот е особено огорчен на деканот. Уште пред несреќата, Вулетиќ предупредил на последиците што можеа да се случат поради сè што се случуваше на Филозофскиот факултет од првиот ден на блокадите, пишува Ало.

„Дури и денес на факултетот, на третиот кат каде што работам, има некои заклучени простории. Мојот колега ми кажува дека има такви простории и на петтиот кат. Што има во тие простории, зошто секогаш се заклучени, дали има нешто скриено таму, тоа треба да каже Синани. И да одговори на прашањето за што служат факелите на факултетот? Да бев на негово место, не знам што би направил, освен да одам на тој петти кат и да скокнам“, вели професорот Вулетиќ, не криејќи ја својата вознемиреност.

ИЗДВОЕНИ