четврток, септември 10, 2026
Дома СВЕТ Трагедија на траект одзеде најмалку пет животи: Во тек е интензивна потрага...

Трагедија на траект одзеде најмалку пет животи: Во тек е интензивна потрага по 87 исчезнати лица/ФОТО

0
EPA/Philippine Coast Guard

Најмалку пет лица загинале, а 87 се водат како исчезнати откако избувнал пожар на патнички траект во близина на брегот на филипинската провинција Палаван, соопштија денеска властите.

Портпаролката на филипинската крајбрежна стража, Ноеми Кајабјаб, соопшти дека во спасувачките акции што се уште траат досега од бродот се извлечени 42 лица.

Траектот „МВ Џун Астер“ (MV June Aster) синоќа пловел од главниот град Манила кон Корон, кога ненадејно се запалил на околу два километри од брегот. Засега не е позната причината за пожарот.

Кајабјаб изјавила дека се верува оти на траектот имало 134 лица. Филипинските медиуми јавуваат дека на пловниот објект имало 117 патници и 17 членови на екипажот.

Во спасувачката операција учествуваат крајбрежната стража, противпожарната служба и други бродови и чамци што се нашле во непосредна близина.

Властите започнале истрага за причината за пожарот, како и за евентуално прекршување на безбедносните прописи, вклучително и дали траектот бил преоптоварен и дали на сите патници им биле обезбедени спасувачки елеци.

Корон се наоѓа на островот Бусуанга, популарна меѓународна туристичка дестинација позната по плажите, варовничките пејзажи и местата за нуркање.

ИЗДВОЕНИ