Значителен временски пресврт и крај на топлиот период не очекува веќе овој викенд. Под влијание на силна циклонска маса, на целата територија на земјава ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, проследено со интензивни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер.
Според предупредувањата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на повеќе места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, при што се очекува да паднат над 15 литри воден талог на квадратен метар. Времето дополнително ќе го дестабилизира засилениот северен ветер, чија брзина на моменти ќе надминува 40 километри на час.
Дневните температури драстично ќе се спуштат уште од утре, носејќи значително свеж есенски воздух. Метеоролозите најавуваат дека од почетокот, а особено кон средината на следната недела, следува стабилизација на времето, но со значително пониски, посвежи температури.
Скопската котлина исто така ќе биде на удар на нестабилното време. Овој викенд во главниот град ќе се сменуваат сончеви периоди и силна облачност, а во делови од котлината се очекуваат локално невреме со пороен дожд, силни грмежи и засилен ветер.
Надлежните апелираат до сите граѓани кои планираат активности на отворено во следните денови да бидат исклучително претпазливи, посебно во подрачјата каде што се прогнозираат поинтензивни електрични празнења и обилни врнежи.












