понеделник, август 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Топлотниот бран не попушта: Македонија и Европа пред нови денови со над...

Топлотниот бран не попушта: Македонија и Европа пред нови денови со над 40 степени

0

Топлотниот бран ќе продолжи да ја зафаќа Македонија и во текот на оваа седмица, а екстремно високите температури ќе се задржат и до крајот на неделата.

Под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33 степени, а во одредени делови од земјата ќе надмине и 40 степени Целзиусови.

Разладување нема да има ниту во ноќните часови, кога температурите ќе останат високи, што дополнително ќе го отежне поднесувањето на горештините.

Слична состојба се очекува и во поголем дел од Европа, каде топлиот бран продолжува да носи екстремни температури, суша и зголемен ризик од шумски пожари. Најпогодени се земјите од јужна и југоисточна Европа, а високите температури се задржуваат и во други делови од континентот.

Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат престој на отворено во најтоплиот дел од денот, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни со децата, повозрасните лица и хронично болните.

ИЗДВОЕНИ