Џузепе Рисо, агентот на италијанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Њукасл, Сандро Тонали, потврди дека Јувентус е сериозно заинтересиран за услугите на неговиот клиент и додаде дека уште два клуба ќе се вклучат во трката откако ќе заврши Светското првенство.
Рисо е убеден дека понуда за Тонали ќе испратат челниците на Арсенал и на Манчестер сити.











