четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ НАТО работи на решение за Ормутскиот теснец

НАТО работи на решение за Ормутскиот теснец

73

Членките на НАТО дискутираат за наоѓање на најдобар начин за повторно отворање на Ормутскиот теснец, стратешки важен воден пат блокиран од Иран по нападите на САД и Израел, потврди денес генералниот секретар на алијансата, пренесе „Хина“.

„Секако, сите се согласуваме дека теснецот мора да биде повторно отворен. А она што го знам е дека сојузниците соработуваат и дискутираат како да продолжат, најдобриот начин да го постигнат тоа“, рече Марк Руте, кој беше во северна Норвешка каде што се одржува вежбата „Студен одговор“.

Веќе неколку дена, американскиот претседател ги критикува главните сојузници на Вашингтон во НАТО, вклучувајќи ги Франција и Обединетото Кралство, за одбивањето да им помогнат на САД да го отворат Ормускиот теснец. Овој тесен воден пат е многу важен бидејќи речиси 20 проценти од светската сурова нафта и течен природен гас (LNG) минувале низ него пред војната.

Речиси целосната парализа на стратешки важниот Ормуски теснец влијаеше на наглиот пораст на цените на нафтата во последните две недели.

Во понеделникот, Доналд Трамп побара помош од големите светски сили за да се обезбеди безбедноста на теснецот. Вчера, тој го нарече одговорот на голем број земји од НАТО, нивното одбивање да им помогнат на Соединетите Американски Држави, „многу глупава грешка“, тврдејќи дека нивната помош на крајот била непотребна.

Во меѓувреме, американската војска ги нападна иранските ракетни локации во близина на Ормутскиот теснец со бомби што уништуваат бункери.

ИЗДВОЕНИ