понеделник, ноември 2, 2026
Дома БАЛКАН 21-ви ден на протести во Албанија, Рама повторно повикува на дијалог –...

21-ви ден на протести во Албанија, Рама повторно повикува на дијалог – студентите одбиваат

24

Во Албанија денеска, 21-ви ден по ред, се одржуваат студентски протести, а премиерот Еди Рама повторно ги повика демонстрантите на дијалог.

Тој постави неколку натписи со зборот „дијалог“ на камена маса, пренесува „Еуроњуз Албанија“ (Euronews Albania).

Во меѓувреме, студентите и понатаму одбиваат да седнат на преговарачка маса, барајќи оставка од владата и од премиерот.

Протестите во албанскиот главен град Тирана се одржуваат секојдневно уште од 13 октомври, при што средношколци и студенти се собираат пред Министерството за образование за да го изразат своето незадоволство.

На протестите им се придружија и наставници и универзитетски професори, пренесува „Танјуг“.

За време на протестите често доаѓаше до судири меѓу демонстрантите и полицијата, а демонстрантите фрлаа камења и молотови коктели кон полицајците и кон институционалните згради, додека полицијата одговараше со солзавец и водени топови.

ИЗДВОЕНИ