петок, септември 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Tолку од жешкото лето: Голема временска промена во Македонија – дожд, грмежи,...

Tолку од жешкото лето: Голема временска промена во Македонија – дожд, грмежи, ветер и драстично пониски температури

1

Ладен атмосферски фронт од север на ден сабота (12 септември) во Македонија ќе донесе голема временска промена. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни (над 15/20 литри на метар квадратен дожд) проследени со појава на грмежи и со засилен северен ветер.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во делови од Скопската котлина на ден сабота (12 септември) ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер од северен правец и со услови за појава на невреме.

Поради ваквата ситуација апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Температурите позначително ќе опаднат (за повеќе од 10 степени) и максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Значителното опаѓање на температурите ќе биде позиразено и многу повеќе ќе го почувствуваме во текот на утрешната вечер и ноќта кон недела, и во недела на 13 септември.

ИЗДВОЕНИ