среда, август 19, 2026
Дома МАГАЗИН ТикТок развива опција за испраќање пари преку приватни пораки

ТикТок развива опција за испраќање пари преку приватни пораки

0

Кинеската платформа ТикТок (TikTok ) развива функција што ќе им овозможи на корисниците да си испраќаат пари едни на други преку директни пораки (DM). Според Bloomberg, кодот пронајден во iOS апликацијата сугерира дека корисниците би можеле да си испраќаат пари едни на други преку приватни пораки, слично на американската апликација Venmo.

Траги од оваа потенцијална функција беа пронајдени во код скриен во тековната верзија на iPhone апликацијата на TikTok во Соединетите Американски Држави.

Доколку официјално се примени, функцијата ќе го користи постоечкиот систем за плаќање на TikTok (TikTok Pay), кој веќе е достапен во Југоисточна Азија за купувања преку продавницата на TikTok.

Од TikTok за Bloomberg изјавија дека функцијата моментално не се тестира, што укажува дека е сè уште е во рана фаза на развој.

Ова не е прв пат TikTok да се обиде да влезе во секторот за финансиски услуги, наведува TechCrunch.

Порано оваа година, Ројтерс објави дека TikTok аплицирал до централната банка на Бразил за лиценца за работа како финтех компанија, нудејќи кредитни и платежни услуги.

TikTok не е единствената социјална мрежа што се свртува кон финансиски услуги, бидејќи платформата X, порано позната како Twitter, неодамна лансираше слична функција што им овозможува на корисниците да си испраќаат пари едни на други.

ИЗДВОЕНИ