Кошаркарите на ТФТ Скопје славеа со 87:79 против Златибор, на вториот меч од плејофот во АБА2-лигата и на тој начин се изборија за „мајсторка“ за пласман понатаму.

Гостите доминираа во првото полувреме и водеа и со 45:27 (+18), но ТФТ во вториот дел заигра значително подобро, ја анулираше разликата и направи целосен пресврт. Во последната четвртина, македонскиот тим ја презеде контролата и со одлична серија стигна до заслужената победа.

Сега, единствениот македонски претставник во плејофот од АБА2-лигата го чека уште еден дуел, овој пат на гости кај Златибор, кој ќе го реши прашањето за тоа кој ќе патува во полуфиналната фаза.

ИЗДВОЕНИ