Кошаркарите на ТФТ Скопје испишаа историја со пласманот во полуфиналето на ABA 2 лигата, откако во решавачкиот меч го шокираше фаворитот Златибор на гостински терен во Чајетина со 90:80. Тимот предводен од Боро Смилковски покажа карактер кога беше најпотребно и со пресврт во последната четвртина ја доби серијата со 2-1.
Херој на натпреварот беше феноменалниот Дарин Говенс, кој одигра натпревар за паметење со 23 поени, 7 скока и 8 асистенции. Одлична поддршка имаше од Ѓорѓи Зафиров, како и Виктор Ташовски и Михаил Стојанов, кои одиграа клучна улога во финишот.
Во полуфиналето, скопскиот тим го чека нов предизвик против Сутјеска, со првиот натпревар на 8 април во Никшиќ.











