Ракометната репрезентација на Македонија со триумф ги почна квалификациите за Европското првенство во 2028 година.  Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, славеа на домашен терен над Луксембург со 41:23. Македонските ракометари демонстрираа моќ против аутсајдерот во групата и си ја завршија домашната задача, пред вториот квалификациски дуел против Грција кој се игра на гостински терен за неколку дена.

По натпреварот во Скопје, селекторот Кирил Лазаров не го криеше задоволството од играта и резултатот, но и фактот дека успеал да ограничи минутажа кај носителите на играта кои ќе бидат потребни за квалификацискиот дуел со јужниот сосед.

„Задоволен сум од момците иако немавме доволно време, но сработивме добро. Мораше да почекаме да се одморат и играчите по македонското дерби, имавме и нов играч кој за првпат беше во тимот и мораше да го вклучимет. Задоволен сум од тоа како системски напаѓавме, секогаш може подобро, може и полошо, но генерално задоволен сум. Мислам дека заштедивме и сили, со оглед на тоа што е тек на сезона, а играчите доаѓаат од клубови со силни натпревари, од силни лиги. Имаме три дена до мечот со Грција, таму ни следи пеколен меч и одлична репрезентација која ја помина Холандија на патот кон Светското првенство. Ќе пристапиме максимално сериозно, треба да бидеме спремни на сите работи, можни се многу спортски сценарија, така што ќе пробаме психолошки да се спремиме за она што ни следува. Не ми е важен резултатот, туку пристапот и на кој начин игравме. Имавме темпо шеесет минути што воопшто не е лесно за наши македонски прилики, без разлика што се работи за Луксембург, кажа Лазаров.

ИЗДВОЕНИ