Mладинскиот тим на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер не успеа да обезбеди пласман по вторпат во низа на Фајнал-фор турнирот во Келн во младинската Лига на шампиони, откако во Пореч, битолчани беа поразени убедливо со 21:51.
Германскиот тим уште еднаш покажа класа, откако ден претходно го “торпедираше“ Загреб. Кај пелистерци најефикасни беа Андреј Георгиев и Јован Симоновски со по пет гола, додека кај победничкиот состав Лео Новак застана на 12 голови од исто толку обиди. Тој едноставно беше нерешлива енигна за ракометарите на Пелистер.











