Основното јавно обвинителство Штип бара притвор за две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување за случајот на пиши-бриши со испитите на Универзитетот во Штип.
“Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист.Во периодот од 2021 до 2026 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени должности и овластувања, второосомничената, вработена како референт за студентски прашања на еден од факултетите, по добиени насоки од првиот осомничен раководител на Секторот за ,,Е-Индекс”, внесувала во информатичкиот систем на Универзитетот невистинити податоци” соопштуваат од ОЈО
Со незаконити дејствија на менување, бришење или прикривање на податоците во базата за електронски индекс пријавените предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците, а за сметка на тоа се стекнувале со материјална корист која во моментов се проценува на 21.000 евра.












