Кошаркарите на ТФТ го победија Пелистер со 99:84 на мечот од 20. коло во машката Суперлига, одигран во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Пелистер имаше предност во поголемиот дел од натпреварот и замина на пауза со 45:41, а во последната четвртина влезе со водство од 71:68. Сепак, ТФТ одигра одлично во финишот и со убедлива завршница стигна до победата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џастин Гордон со 24 поени, девет скока и седум асистенции, а Рејмонд Сомервил додаде 20 коша.

Со овој триумф, ТФТ повторно е на врвот од табелата со 38 бода, еден повеќе од МЗТ Скопје, додека Пелистер останува трет со 34 бода.

ИЗДВОЕНИ