МВР информира дека вчера попладне во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул. „Партизански Одреди“, ул. „Никола Парапунов“ и ул. „Демир Трајко“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(66) од с. Долно Свиларе, скопско и мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.А.(28) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.












