Неколку лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи денеска на патот Кочани – Виница, во близина на угостителски објект, помеѓу патничко возило „мазда“ и патничко возило „поло“.
Според првичните информации, во судирот учествувале две патнички возила, „Мазда“ и „Фолксваген Поло“. Несреќата се случила околу 13:44 часот, а силината на ударот била кобна за едно лице кое починало на самото место.
Екипи на Итната медицинска помош веднаш пристигнале на теренот и ги пренеле повредените во Општата болница во Кочани за укажување лекарска помош. На местото интервенирала и противпожарната единица.












