четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Иран го објави главниот услов за крај на војната со Израл и...

Иран го објави главниот услов за крај на војната со Израл и со САД

378
Фото: EPA/ATEF SAFADI

Иран не бара прекин на огнот, изјави министерот за надворешни работи Абас Аракчи, и сака секој крај на војната со Израел и САД да биде конечен, објави полуофицијалната новинска агенција Студентска новинска мрежа.

Иранскиот министер за надворешни работи јасно стави до знаење дека главниот услов на Иран за мир е тој да биде конечно решение, без понатамошни последици.

Аракчи додаде дека Ормутскиот теснец е затворен „само за непријатели и за оние кои ја поддржуваат нивната агресија“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи додаде дека бродовите од земјите кои не се вклучени во војната можат да поминат низ теснецот во координација и со одобрение на иранските сили.

Околу една петтина од светската нафта и течен природен гас обично поминува низ Ормускиот теснец, кој е практично затворен со недели откако започна американско-израелската војна против Иран на 28 февруари.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата ги повика Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Велика Британија и другите земји погодени од ограничувањата за испорака на нафта низ Ормускиот теснец да се здружат во напорите за повторно отворање на водниот пат.

ИЗДВОЕНИ