Foto - X

Руската тенисерка Екатерина Александрова доживеа драматичен колапс за време на натпреварот против 16-годишната сонародничка Кристина Љутова на ВТА-турнирот во Мемфис, поради што беше принудена да го предаде натпреварот.

Првата носителка на турнирот и 19. тенисерка во светот помина речиси три часа на теренот на температура од околу 34 Целзиусови степени. Со резултат 5:4 за Љутова во решавачкиот трет сет, таа одеднаш се струполи на теренот.

Мечот беше веднаш прекинат за да може медицинскиот тим да ѝ помогне. По неколкуминутна терапија, Александрова не можеше да го продолжи натпреварот, па го предаде.

Неочекуваниот епилог донесе историски момент за Кристина Љутова. Во својот дебитантски настап на ВТА-турнејата, 16-годишната Русинка стигна до првата победа во кариерата, против првата фаворитка на турнирот.

ИЗДВОЕНИ