Ал Хилал има намера повторно да го размрда европскиот пазар и да донесе неколку големи ѕвезди за време на летниот преоден рок. Саудискиот клуб подготви неверојатен буџет од 350 милиони евра за нови засилувања.
Парите треба да се искористат за доведување на две или три големи ѕвезди од најсилните европски лиги. Името на играчот што е на врвот на листата на желби е веќе познато.
Станува збор за колумбискиот интернационалец Луис Дијаз. Крилниот напаѓач на Баерн (М) е означен како приоритет и Ал Хилал е подготвен да направи речиси сè за да го убеди да го напушти европскиот фудбал.
Дијаз е во своите најдобри години и сè уште може да обезбеди врвни настапи на најголемата сцена. Токму тоа го прави многу попривлечна цел од ѕвездите кои доаѓаат во Саудиска Арабија на крајот од кариерата.
Ал Хилал не успеа да се врати на врвот на саудиското првенство во последните две сезони. Раководството на клубот е убедено дека им е потребен играч со квалитет како Дијаз за да стане повторна доминантна сила.
Саудиските гиганти нема веднаш да преговараат со Баерн (М), туку првиот чекор ќе биде разговор со колумбискиот играч и со неговите претставници.
На Диаз ќе му биде претставен финансиски пакет што е тешко да се одбие. Ал Хилал е подготвен да му понуди годишна плата до 25 милиони евра.
Колумбиецот моментално заработува околу 14 милиони евра бруто по сезона во Баерн. По плаќањето на даноците, ќе му останат околу осум милиони, па би можел да заработи многу повеќе во Саудиска Арабија.
Доколку добијат позитивен одговор, саудискиот клуб веднаш ќе го контактира Баерн, а првата понуда треба јасно да покаже колку се сериозни нивните намери.
Обесштетувањето е помеѓу 120 и 150 милиони евра, а тоа значи дека Ал Хилал е подготвен да потроши околу една третина од целиот летен буџет само за еден играч.
Првичната понуда треба да биде поблиску до 120 милиони евра. Доколку Баварците ја одбијат, Ал Хилал има доволно простор постепено да ја зголемува.
Германскиот гигант е во многу силна преговарачка позиција затоа што Дијаз има тригодишен договор со клубот од Минхен, поради што нема потреба да го продава за помалку од посакуваната цена.
Клучот за целиот трансфер е сè уште во рацете на колумбискиот интернационалец. Доколку јасно стави до знаење дека сака да си замине, Баерн ќе мора барем да разгледа понуда што би можела да достигне 150 милиони евра.












