Австралискиот спринтер Лахлан Кенеди испиша историја во атлетиката, откако трката на 100 метри ја истрча за фантастични 9,85 секунди и стана најбрзиот белец спринтер на сите времиња.

Дваесет и двегодишниот Австралиец го освои сребрениот медал на Игрите на Комонвелтот во Глазгов, откако во драматичното финале беше престигнат во самиот финиш од Камерунецот Емануел Есеми, кој победи со рекорд на Игрите од 9,83 секунди.

Иако остана без златниот медал, Кенеди имаше причина за славење бидејќи со резултатот од 9,85 секунди го надмина досегашниот рекорд на Американецот Сем Блашковски (9,89) и постави нов историски резултат за белите спринтери.

 

ИЗДВОЕНИ