Тему го стопира испораките: Стоката од Кина не оди повеќе во САД поради царините

103

Кинеската компанија Тему во неделата објави дека повеќе нема да испорачува стоки од Кина во САД поради новите американски царински мерки.

Како што пренесува порталот „Tech Crunch“, Тему оваа одлука ја донел откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина правилото „de minimis“ со кое се дозволува увоз на стоки во вредност до 800 долари без царина.

Како што пренесува американската мрежа CNBC, американските клиенти на платформата Тему веќе почнале да забележуваат дополнителни „увозни даноци“ од 130 до 150 проценти, а како одговор, компанијата престанала да ги прикажува производите од Кина како достапни, додека понудите сега се ограничени само на стоки од американските магацини.

ИЗДВОЕНИ