Тело на тригодишно девојче пронајдено во водите на Сава во Белград, мајката го фрлила во реката во Загреб

79

Белградскиот Интерпол ја известил хрватската полиција дека во март во реката Сава во Белград пронашла тело на дете.

Загрепската полиција штотуку соопшти дека со меѓународна полициска соработка со ДНК анализа е утврдено дека станува збор за жртва на тешко кривично дело убиство, извршено на 15 јануари годинава во Загреб, кај мостот Јанкомир.

Со денови ја пребарувале Сава во потрага по девојчето
Станува збор за случај од почетокот на годината кога со денови траеше потрагата по тригодишно девојче од страна на хрватската национална спасувачка служба и другите служби, откако нејзината мајка го фрлила во реката кај мостот Јанкомир.

Мајката во текот на тие денови била сослушана во Жупаниското државно обвинителство во Загреб и била осудена на едномесечен притвор за сторено кривично дело тешко убиство.

ИЗДВОЕНИ