Поранешниот српски министер за економија, Раде Баста, е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград. Тој се сомничи дека, за време на неговиот мандат како директор на јавното претпријатие „Београдске електране“ (Белградски електрани), предизвикал загуби во износ од десетици милиони динари, пренесува Радио-телевизија Србија (РТС).
Сè уште нема официјална потврда од полицијата.
Баста се сомничи дека одобрувал неосновани донации за разни спортски клубови, вклучително и помали фудбалски и кошаркарски клубови, како и за еден коњички клуб, пишува РТС.
Припадници на службата за борба против корупцијата ги спроведуваат апсењата и вршат претрес на просториите, додава јавниот сервис.
Раде Баста, поранешен министер и поранешен директор на „Београдске електране“, наводно бил уапсен рано утрото на 11 ноември на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Раде Баста ја извршуваше функцијата министер за економија од октомври 2022 година до 2023 година, кога беше разрешен од должноста.
Како министер во српската влада, Баста се залагаше за воведување санкции кон Русија, наведувајќи дека Србија плаќа висока цена бидејќи тоа не го сторила.
Србија е една од ретките земји во Европа што нема воведено санкции кон Русија поради нејзината агресија врз Украина.
Според неофицијални информации до кои дојде РТС, во притвор се приведуваат и неколку други лица поврзани со Баста.









![[Интервју] Гоце Цветановски: Ако друг не запне да го направи вториот македонски долгометражен анимиран филм, јас ќе бидам тој](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/11/prva-3-100x70.jpg)


