Иранските дипломати во Индија одговорија на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за наводната анексија на Ормутскиот теснец од страна на САД со објавување на мапа на САД на која Калифорнија е прикажана како „нова територија на Исламската Република Иран“.
Објавата е од иранскиот конзулат во Хајдерабад, а пораката очигледно била сатиричен одговор на изјавата на Трамп за Ормутскиот теснец, објавува CNN.
Калифорнија има најголемо население на ирански имигранти во САД, според Институтот за миграциска политика.
NEW TERRITORY OF ISLAMIC REPUBLIC OF IRAN https://t.co/ztkafmWLtZ pic.twitter.com/OdOQnNS3h3
— Iran In Hyderabad (@IraninHyderabad) August 18, 2026
Најголемиот број од нив живеат во областа на Лос Анџелес, каде што дел од иранската заедница неформално го нарекува градот „Техрангелес“, комбинација од имињата Техеран и Лос Анџелес.
Ставовите на иранската дијаспора во САД се поделени околу војната меѓу САД и Израел против Иран. Додека некои членови на заедницата очекуваат конфликтот да доведе до пад на сегашната влада во Иран, други се плашат дека воената интервенција би можела да има спротивен ефект.
Објавата на иранскиот конзулат доаѓа откако Трамп изјави дека има намера да го прогласи Ормутскиот теснец за дел од територијата на САД. На неговата платформа Truth Social, Трамп објави мапа на која теснецот, клучен за глобалната трговија со нафта, е прикажан како „Нова територија на САД“.












