Вкупно 243 семејства од Општина Центар оваа година добиле еднократна финансиска помош за новороденче во износ од 10.000 денари.
Од Општината велат дека ја зголемиле оваа поддршка од 7.000 на 10.000 денари, за да им го олеснат трошоците на младите родители за по раѓањето на детето.
-Доаѓањето на принова е еден од најубавите моменти во семејството, но носи и нови обврски и трошоци. Знаеме дека во тие моменти секоја финансиска помош е добредојдена. Затоа решивме да ја зголемивме еднократната поддршка и тоа ветување го исполнивме. За нас е важно грижата за семејствата да не остане само на зборови и ветувања, туку да се претвори во конкретна поддршка што граѓаните директно ја добиваат – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.












