четврток, јули 30, 2026
Дома СВЕТ Техеран испрати јасна порака до Трамп по последните напади: „Ќе ве убиеме“

Техеран испрати јасна порака до Трамп по последните напади: „Ќе ве убиеме“

574

Техеран упати закани кон Доналд Трамп по најновиот бран напади извршени од САД во вторникот вечерта.

Иранската револуционерна гарда (ИРГ) по најновите напади објави дека САД „денес ќе бидат казнети“, откако претходно им се закани на земјите што им помагаат на САД со „остар одговор“ доколку „не го променат своето однесување“.

ИРГ повтори дека Ормускиот теснец е нивна територија и дека нивните морнари имаат „целосна контрола врз него“, пренесува „Скај њуз“.

„На странец кој дошол од илјадници километри далечина нема да му се дозволи да се меша“, додадоа од Корпусот, продолжувајќи: „Ормускиот теснец не може повторно да се отвори сè додека продолжуваат пречекорувањето на овластувањата и заканите од страна на американските власти, како и нивното мешање во поморскиот сообраќај во регионот.“

Во меѓувреме, во Техеран се појави транспарент на кој е прикажан американскиот претседател Доналд Трамп извалкан со крв, покрај ирански ракетен систем, со натпис: „Ќе ве убиеме“.

Вреди да се потсети дека синоќа САД извршија нови напади врз Иран како одговор на „обидите за ракетни напади“ на Техеран врз американските бази.

ИЗДВОЕНИ