понеделник, ноември 9, 2026
Дома МАГАЗИН Таткото на Расел Бренд, кој денеска беше осуден на 10 години и...

Таткото на Расел Бренд, кој денеска беше осуден на 10 години и шест месеци затвор, тешко ја прифати пресудата: „Мојот син е жртвата“

0
Фото: EPA/HERBERT NEUBAUER

Таткото на Расел Бренд, Роналд „Рон“ Хенри Бренд, го нарече својот син „жртва“, откако актерот и комичар беше прогласен за виновен за силување и три дела на сексуален напад.

Откако Бренд денеска беше осуден на 10 години и шест месеци затвор, новинарите го прашаа Рон дали има порака за „жртвите“ на злосторствата за кои неговиот син е осуден.

„Жртвата? Како тоа, Расел?“ – праша Рон.

Кога новинарот појасни дека не мисли на Расел како на „жртва“, Рон одговори:

„Мислите на девојките што го бркаа и го вознемируваа – на тоа ли мислите?“ – рече тој.

Кога новинарот посочи дека Бренд е прогласен за виновен, татко му одговори: „Не ми е гајле“.

Рон и претходно го бранеше својот син, кога Бренд се соочи со низа обвинувања за сексуален напад во 2023 година.

Тогаш, тој на „Фејсбук“ напиша дека обвинувањата се „недокажани“.

Поротата ја донесе пресудата по тридневно разгледување на случајот. Бренд беше ослободен од обвиненијата за две дела на силување и едно дело на обид за сексуален напад, но беше прогласен за виновен за едно дело на силување и три дела на сексуален напад. Судијата Џоел Бенатан од Кралскиот суд во Саутворк го осуди Бренд на девет години затвор за силување.

Дополнително, тој доби девет месеци за првиот сексуален напад, 18 месеци за вториот (намалено од две години) и осум месеци за третиот сексуален напад.

ИЗДВОЕНИ