понеделник, ноември 9, 2026
Дома СВЕТ Две лица се уапсени во близина на Белата куќа во два одделни...

Две лица се уапсени во близина на Белата куќа во два одделни инциденти

0

Американската тајна служба денеска уапси две лица во близина на Белата куќа; едно лице со автомобил се качило на тротоарот, додека друго лице прескокнало барикада во паркот Лафајет, кој се наоѓа пред претседателскиот комплекс.

Американскиот претседател Доналд Трамп бил во Белата куќа во моментот на инцидентите, пренесува „Ројтерс“.

Белата куќа накратко беше ставена под блокада, а патиштата околу паркот беа затворени за сообраќај, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ