понеделник, ноември 9, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Франција го впери прстот кон Иран за кибер-напади врз фрижидерите и замрзнувачите...

Франција го впери прстот кон Иран за кибер-напади врз фрижидерите и замрзнувачите во супермаркетите

0

Франција денеска го обвини Иран дека стои зад кибер-нападите кои предизвикале пораст на температурата во фрижидерите и замрзнувачите во супермаркетите.

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, на денешната прес-конференција изјави дека нападот бил извршен од иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГГ), пренесува „Би-би-си“ (BBC).

Тој го опиша нападот како „без преседан, како по својот обем, така и по нивото на агресија“, додавајќи дека Франција ќе „воведе санкции на европско ниво против сите одговорни за овој напад“.

За време на кибер нападите минатиот месец, температурите се зголемиле во фрижидерите и замрзнувачите во стотици супермаркети низ Франција, што довело до расипување на свежата и замрзнатата храна – чија вредност се проценува на милиони евра.

Минатата недела, десетици супермаркети во седум други европски земји, исто така, беа цел на кубер напади насочени кон нивните системи за ладење и замрзнување. Сè уште не е познато дали овие инциденти се поврзани.

Денеска, обвинителката од Париз, Лор Бекуо, соопшти дека е отворена истрага против шефот на една офанзивна сајбер-единица поврзана со иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГГ), како и против двајца негови заменици.

Таа наведе дека единицата се нарекува „Шахид Каве“ (Shahid Kaveh) и е поврзана со центарот за електронски и кибер операции на ИРГГ. На 11 октомври, хакери презеле контрола врз софтверот што ја регулира температурата во системите за ладење во многу француски супермаркети, при што биле погодени повеќе од 280 продавници во рамките на неколку ланци на супермаркети.

ИЗДВОЕНИ