Францускиот џудист и петкратен олимписки шампион, Теди Ринер, во понеделникот, на 9 ноември, објави дека ќе се кандидира на претседателските избори следната година, наведувајќи ја како причина загриженоста поради „подемот на крајната десница“.
„Јас се викам Теди Ринер и денес ви велам – гледајќи ве право во очи – дека ќе се кандидирам на претседателските избори во 2027 година“, изјави 37-годишниот спортист во изненадувачка објава на социјалните мрежи, како што пренесува „Ле Монд“ (Le Monde).
Во видеото, кое трае две минути и 37 секунди, Ринер – еден од најголемите џудисти во историјата – изрази страв дека Франција наскоро би можела длабоко да се подели. Со тоа, тој се позиционира како кандидат за гласачите кои не сакаат да избираат меѓу две политички крајности: крајната десница и тврдата левица.
„Денес живееме еден покрај друг“, рече Ринер, кој потекнува од Гваделуп, француска прекуморска територија. „Се плашам дека утре ќе живееме во конфликт.“
Ринер, една од најпрепознатливите спортски личности во Франција, јавно изрази длабока загриженост во врска со „подемот на крајната десница“, пренесе „Данас“.












