понеделник, ноември 9, 2026
Дома МАГАЗИН За мачо-заводникот со црвените рози, емотивниот Чуле, „Љубовта е чаша“

За мачо-заводникот со црвените рози, емотивниот Чуле, „Љубовта е чаша“

0

Некои песни не се раскажуваат! Дејан Николовски, попознат по прекарот Чуле, вели дека тоа е мошне искрена балада преку која се раскажува приказна за љубовта што не завршува со разделбата, туку остава длабока трага и по последниот бакнеж.

Популарниот пејач Дејан Николовски-Чуле има нова песна, која се вика „Љубовта е чаша“. Е, сега не значи тоа дека би требало да пиете, па да претерате и да се опиете, туку да ви биде убаво, само за добро расположение, пред сè на оние што се вљубен во овие претпразнични денови. Некако тоа си оди едно со друго.Така размислува и самиот пејач, велејќи: „Некои песни не се раскажуваат, тие се чувствуваат, а таква е оваа песна“. Со таа силна порака овој за многу жени мачо-заводникот, совршено ја доловува суштината на своето најново музичко издание.Текстот, кој го напиша Огнен Неделковски, зборува за љубовта што остава неизбришлива трага, за разделбите што болат и за спомените што остануваат да живеат долго и по последниот бакнеж. Новата песна и видеоспотот веќе се достапни на официјалниот јутјуб-канал.

Тоа е мошне искрена балада преку која се раскажува приказна за љубовта што не завршува со разделбата. Со препознатливата интерпретација на емотивниот Чуле, уште еднаш се покажува дека најсилни приказни се оние што се чувствуваат, а не само што се слушаат. Затоа оваа балада ги има сите елементи да стане хит. Музиката за песната ја создаде Коки Коцев, додека аранжманот е на Дејан Момировски. За врвниот звук се погрижи „Икс-ел студио Момировски“, каде што беа реализирани миксот и мастерингот. Во создавањето на ова музичко издание свој придонес дадоа и врвни музичари. Гитарските делници ги отсвири Дамјан Пејчиноски, виолината е во изведба на Хилми Баки, а придружните вокали ги отпеа Марта Чело, дополнително збогатувајќи ја атмосферата на песната.

Музичката приказна на „Љубовта е чаша“ ја следи интересен видеоспот во продукција на „Пинестел“. Режијата, камерата и монтажата ги потпишува Ѓорѓи Вацев, а во видеото настапува убавата Катерина Динева. (фото:ФБ)

 

 

ИЗДВОЕНИ