
Мунир Насрауи, таткото на големата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, повторно предизвика многу реакции на социјалните мрежи откако се пофали со своето богатство за време на пренос во живо.
Насрауи, кој има повеќе од 1,4 милиони следбеници на Инстаграм, првично зборуваше за недостатокот на вода во паркот за кучиња во луксузната населба Педралбес во Барселона.
Сепак, ситуацијата набрзо доби поинаков пресврт откако еден од неговите следбениците му рече дека треба да почне да работи.
Таткото на младиот фудбалер не му остана должен, а неговиот одговор брзо го привлече вниманието на јавноста.
„Не морам да работам, момче. Не морам да одам на работа. Имам милиони, фала му на Бога!“, изјави Насрауи.
Сепак, ова не е прв пат Насрауи да се најде во центарот на вниманието поради слични изјави.
Претходно, за време на друг пренос во живо, тој одговори на критиките од оние кои го критикуваа дека живее од парите на својот син, еден од најголемите таленти во светскиот фудбал.
„Ме прашуваш зошто не одам на работа и зошто живеам од парите на мојот син. Ти благодарам, сине, засекогаш ќе ти бидам благодарен. Ќе живеам од тебе до крајот на мојот живот“, рече тој тогаш.
Интересно е што Насрауи во минатото беше познат по тоа што ги критикуваше младите луѓе за нивната неподготвеност да работат, па неговите најнови зборови повторно ја отворија дебатата на социјалните медиуми.
Додека неговиот син привлекува внимание недела по недела со своите брилијантни настапи во дресот на Барселона, неговиот татко очигледно не се срами од јавните појавувања кои често предизвикуваат контроверзии.











