По освојувањето на Зелениот оскар и гра-прито на Гриерсон, Тамара Котевска, режисерката двојно номинирана за „Оскар“ (за „Медена земја“) и двојно номинирана за „Еми“ (за „Приказната за Силјан“), е избрана за една од главните што ќе одлучуваат во престижното меѓународно жири за 2026 година, на Филмскиот фонд за документарци посветени на планетата Земја (Planet Health Film Fund), голема, нова глобална иницијатива за документарен филм ,вредна 100.000 фунти. Жирито за 2026 година ги обединува директорите на „Нетфликс“, Санденс, БАФТА заедно со Котевска и со неколкумина други автори од нејзин ранг.
Односно покрај Котевска, во годинашната селекциска комисија членуваат: директорката на „Нетфликс“ за документарни филмови, Кејт Таунзенд; директорката на Санденс филм институт, Паола Матура и генералниот директор на БАФТА Алберт, Мет Скарф.
Заедно, ова жири ќе донесе одлука за распределба на грантот од 100.000 фунти, ќе ги оценува глобалните филмски проекти и ќе избере петмина истакнати режисери, кои ќе добијат по 20.000 фунти за продукција, врвно менторство од индустријата и гарантирана светска премиера на фестивалот SXSW Лондон 2027.
По повод ова, Тамара Котевска ја сподели следната изјава: „Поканата за член на вакво престижно жири и дадената доверба да одлучувам за иднината на пет ветувачки документарни филма, рамо до рамо со најголемите што одлучуваат во светот на филмот во моментов, носи огромна одговорност. Филмскиот фонд за документарни филмови со фокус на опстанокот на планетата е истовремено огромна чест и сериозно битен момент за позиционирање на Македонија во најелитните кругови на носење филмски одлуки. Да се седи рамо до рамо со водечките луѓе од ‘Нетфликс’, Санденс и на БАФТА, како и со визионерите како Акинола Дејвис Џуниор и Нина Гуалинга, покажува колку стана клучно раскажувањето приказни за животната средина на највисокото ниво на светската кинематографија. Заедно со моите колеги од жирито, со нетрпение очекувам да поддржам пет храбри, нови автори и да ги донесам нивните итни приказни на глобалната сцена“.
Финалната одлука ќе биде донесена на 16 декември.












