Bо КСП Јадро, во рамки на есенското издание на „Прво на женско“, вечерва (26 ноември), во 18:00 часот ќе се одржи разговор со Марија Арсенкова на тема „Како настанал патријархатот“.
Како од општество кое се организира околу новиот живот сме се претвориле во општество кое се организира над животот? Како сме го замениле кругот, кој ги споделува одлуките, плодовите и трудот, со пирамида која ја концентрира моќта на врвот?
Тргнувајќи од овие прашања, со Марија Арсенкова ќе разговараме за потеклото на патријархатот и за тоа како низ историјата се менувале односите на моќ. Кој одлучувал, кој се грижел и како се распределувале трудот и неговите плодови? Што можат да ни кажат тие промени за местото на мајчинството и грижата во општеството денес?
Марија Арсенкова е дипломирана професорка по француски јазик, работи како преведувачка во Скопје и е членка на Академијата за демократска модерност.
Влезот е слободен.












