петок, јули 10, 2026
Дома СВЕТ СЗО: Епидемијата на ебола во Конго одзеде 600 животи

СЗО: Епидемијата на ебола во Конго одзеде 600 животи

0
Фото:Википедија

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго одзеде 600 животи, соопшти денес Светската здравствена организација, само три дена откако бројот на смртни случаи надмина 500.

Ажурираните бројки објавени од здравствената агенција на Обединетите нации покажаа дека 1.759 случаи се потврдени во ДР Конго откако беше прогласена епидемијата во средината на мај, со 600 смртни случаи.

Двајца лица починаа во соседна Уганда, каде што 17 пациенти се опоравија од вкупно 20 потврдени случаи.

„Епидемијата продолжува да се шири, а нејзината вистинска скала сè уште не е целосно разбрана“, изјави во вторник претставничката на СЗО во ДР Конго, Ан Ансија, објави „Франс 24“.

Африканските центри за контрола и превенција на болести (ACDC) денес соопштија дека сегашната епидемија е „најбрзорастечка досега“.

„Ова е најбрзорастечката епидемија на ебола досега, не само за Бундибугио, туку и за сите други вируси на ебола“, рече претставникот на ACDC, Весам Манкула.

Податоците на СЗО за ДР Конго покажуваат дека стапката на смртност од епидемијата е 34 проценти.

17-тата епидемија на ебола во ДР Конго беше прогласена на 15 мај, по неколку смртни случаи во покраината Итури.

„Епидемијата за жал е сè уште во фаза на експанзија. Би сакале да кажеме дека се стабилизира, но искрено, сè уште не можеме бидејќи преносот е сè уште во тек“, рече Ансија.

Таа рече дека се следат повеќе од 10.000 контакти на заразени лица, со стапка на следење од 82 проценти, но СЗО верува дека е потребна стапка од 95 проценти за да се стави епидемијата под контрола.

ИЗДВОЕНИ