Свечена вечера во Кремљ: Путин одржа здравица/ВИДЕО

375
Фото: X screenshot Zlatti71

„Драги пријатели…“; Ова е здравицата на Путин.
За време на синоќешната вечера во чест на шефовите на странските делегации поканети на прославата на 80-годишнината од Денот на победата во Втората светска војна, рускиот претседател Владимир Путин наздрави за победа, мир и просперитет.

Тој наведе дека 9 мај е свет датум за мултинационалниот народ на Русија.

„Драги пријатели, дозволете ми да наздравам за генерацијата победници, за големата победа, за мирот и просперитетот, за вас, наши пријатели“, рече Путин за време на гала вечерата, пренесува РИА Новости.

Тој рече дека одлучувачката улога во победата над нацизмот му припаѓа на Сојузот на Советските социјалистички републики (СССР) и дека тоа никој не може да го оспори.

Путин нагласи и дека Русија нема да ги заборави своите сојузници во борбата против нацизмот, дека денес се воспоставува поправеден светски поредок и дека Москва се залага за еднаква и неделива безбедност за сите, која ќе обезбеди мир.

На прославата на Денот на победата над фашизмот на 9 мај во Москва ќе присуствуваат голем број светски лидери, меѓу кои кинескиот и српскиот претседател Си Џинпинг и Александар Вучиќ, како и претседателите на Венецуела и Бразил, Николас Мадуро и Луис Инасио Лула да Силва.

ИЗДВОЕНИ