Според познатиот турски водител и естраден новинар Јусуф Емини!                              За весникот ВЕЧЕР од “прва рака“ од Јасмин Курузовиќ, грижниот сопруг на нашата пејачка, дознаваме дека Сузана кога пристигна во Турција беше пречекана со бесна лимузина, а веднаш потоа и однесена во еден од најексклузивните хотели во Турција. По одморот и вечерата во хотелот, според протоколот, Сузана прошета по црвениот килим, оставајќи ги без здив сите присутни медиуми 

Најспектакуларен едночасовен концерт дефинитивно, неодамна во Турција, го направи популарната македонска пејачка Сузана Гавазова. Таму на тој музички празник со Сузана заедно беше и нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиќ.

Од него, од „прва рака“ за весникот ВЕЧЕР дознаваме дека Сузана кога пристигна во Турција беше пречекана со бесна лимузина, а веднаш потоа и однесена во еден од најексклузивните хотели во Турција. По одморот и вечерата во хотелот, според протоколот, Сузана прошета по црвениот килим, оставајќи ги без здив сите присутни.

Познатиот турски водител и естраден новинар Јусуф Емини, кој цело време беше во друштвото на Гавазова, за своите гледачи раскажа за македонската пејачка споредувајќи ја со планетарно популарната Шакира. Јусуф ја ослови со прекарот „Македонска Шакира“! И сликовито објасни дека пред неа на колената попаѓаа дури и оние кои во првиот момент негодуваа, а од после Гавазова ја бараа на неколку биса. Со Гавазова во истата програма настапи и популарната пејачка од Словенија, Сенидах, а која е со босанско потекло.

Како што зборуваше Јусуф, тој е десетина години во Буџа (Турција)  водител и еден од организаторите на тој „Меѓународниот балкански фестивал“. Новинарот објасни дека во ова малечко место во Турција живеат најмногу Македонци-од турската националност, претежно иселени од градовите и селата од источниот дел на Македонија. Гавазова им приреди незаборавен концерт, а од сите песни, како што се претпоставуваше најбараната беше онаа хитовската „Бум, бум, бум“.                    (Д.М.) фото:архива ФБ-Инстаграм

 

 

ИЗДВОЕНИ