сабота, ноември 7, 2026
Дома СКОПСКА „Гола месечина“ повторно во паркот „Авионче“

„Гола месечина“ повторно во паркот „Авионче“

157

Паркот „Авионче“ во Аеродром од петок до недела ќе биде исполнет со музика, стендап-комедија, кабаре, детска програма и со содржини за сите генерации, во рамките на фестивалот „Гола месечина“.

Од Општина Аеродром велат декa се горди што ја поддржуваат оваа културна манифестација и што е создаден настан што ги зближува граѓаните и носи нова енергија во Аеродром.

– Три вечери, богата програма и бесплатен влез за сите – наведуваат општинските власти, нагласувајќи дека со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во Општината и создавање можности за да уживаат граѓаните во квалитетни културни содржини.

Тие ги покануваат граѓаните да бидат дел од „Гола месечина“ – да се дружат, да се смеат и заедно да уживаат во забавата под отворено небо.

 

ИЗДВОЕНИ