Антидопинг-агенцијата на Кенија привремено суспендираше 27-мина спортисти поради прекршување на антидопинг-правилата. Суспензиите ја вклучуваат и маратонката Рита Џепту (45), која веќе беше суспендирана четири години во 2014 година, откако беше позитивна на тестот за забранета супстанција и продолжи да се натпреварува дури пред три години.
- Поранешната победничка на маратонот во Бостон и во Чикаго е повторно суспендирана откако беше позитивна на тестот за забранети анаболни андрогени стероиди – соопштија од Агенцијата.
Националниот шампион на 400 метри со пречки, Вајсман Вер (28), е суспендиран поради тоа што не дал информации за местоположбата. Освојувачот на бронзен медал од Игрите на Комонвелтот во штафетата 4×400 метри е обвинет дека пропуштил три допинг-теста од август 2025 година.
На листата се вклучени и фудбалери и кошаркари, кои се привремено суспендирани поради разни прекршоци поврзани со допингот.











