Израелската војска издаде итно предупредување до жителите на Тир во јужен Либан, велејќи дека „наскоро ќе ја нападне терористичката инфраструктура на Хезболах“ во областа.
Израелските одбранбени сили соопштија дека милитантната група „Хезболах“, поддржана од Иран, се обидува да ги обнови активностите таму и ги предупредија оние во зградите што ги обележале на мапи веднаш да се евакуираат и да останат на растојание од најмалку 300 метри.












