недела, јуни 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сурова реалност зад затворени врати: 15-годишно девојче се обидело да си го...

Сурова реалност зад затворени врати: 15-годишно девојче се обидело да си го одземе животот поради долгогодишна психичка и физичка тортура од страна на таткото

648

Долгогодишен психолошки и физички терор во едно скопско семејство довел до тоа 15-годишно девојче да се обиде да си го одземе животот, не можејќи повеќе да ги издржи секојдневните закани и притисоци од сопствениот татко.

Осомничениот 56-годишник со години манифестирал агресивно однесување кон сопругата и децата, но семејството од страв не го пријавувало.

Токму заканите и навредите го довеле девојчето до очајничкиот чекор.

Јавниот обвинител предложи мерки на претпазливост за осомничениот: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во суд, одземање на патни исправи, како и забрана за приближување и контакт со жртвите.

Основното јавно обвинителство Скопје веднаш поведе постапка против насилниот татко за кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик и предложи строги мерки за претпазливост.

„Како што соопшти државното Јавно обвинителство, осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот, се наведува во соопштението“, информираат од ОЈО.

ИЗДВОЕНИ