недела, јуни 21, 2026
Дома СВЕТ Сенаторот Греам ја повтори заканата на Трамп: Ако договорите не успеат, САД...

Сенаторот Греам ја повтори заканата на Трамп: Ако договорите не успеат, САД ќе го преземат на Ормускиот теснец

36
Фото.википедија/Lindsey Graham and Ursula von der Leyen

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, познат по своите екстремни ставови за Иран, денес ја повтори заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе го „преземат“ Ормускиот теснец доколку дипломатските напори со Иранците не успеат, објави „Си-ен-ен“.

Греам, близок сојузник на Трамп, рече дека поминал повеќе од четири часа со претседателот во петокот, по постигнатиот прелиминарен договор меѓу САД и Иран, за кој администрацијата се надева дека ќе отвори понатамошни преговори за демонтирање на нуклеарната програма на Иран.

„Ако овој договор не функционира, претседателот Трамп ќе го преземе Ормускиот теснец со сила. Вашингтон ќе го контролира Ормутскиот теснец и ќе им наплаќа надомест на сите што ќе поминат низ него да да се наплати за оваа операција“, рече Греам на „Си-би-ес“, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ