Неколку азиски земји во саботата беа погодени од тајфунот Бави. Според официјалните податоци, на Филипините загинале најмалку 17 лица, а повеќе од половина милион жители биле евакуирани на безбедно.
Во Јапонија особено беше погодена префектурата Окинава, во југозападниот дел на земјата. Властите силно предупредија за силни ветрови, високи бранови, бура со поплавни бранови, свлечишта и поплави.
Од Јапонија бурата се префрли кон Тајван, каде што во саботата повеќе од 25.000 домаќинства останаа без електрична енергија, бидејќи Бави оштети бројни електрични водови. Беше прекинат сообраќајот на 116 фериботи во островската држава, а откажани беа повеќе од 1.100 летови. Покрај тоа, властите пријавија 36 повредени лица.
Се очекува тајфунот да пристигне на кинеското копно во ноќта кон недела. Кинеските експертите предупредија на обилни до екстремно силни врнежи од дожд во повеќе региони. Засегнати би можеле да бидат и делови од главниот град Пекинг. Речиси два милиони луѓе беа превентивно евакуирани на безбедно.
Бави досега e еден од најсилните тајфуни оваа година и над отворениот Пацифик достигна интензитет на супертајфун, со брзина на ветерот до 290 километри на час.












