Комесарот на НФЛ, Роџер Гудел, изјави дека сите во организацијата се возбудени што Супербоулот повторно ќе се одржи во Лас Вегас.

  • Ќе им обезбедиме на нашите навивачи уште едно неверојатно искуство на една од најголемите спортски и забавни дестинации во Америка. Супербоул 58 ги демонстрираше обемот, енергијата и гостопримството што ги носи градот. Со нетрпение очекуваме да им обезбедиме на навивачите уште подобро искуство – рече Гудел.

Лас Вегас беше домаќин на Супербоулот во 2024 година, во кој Канзас сити го победи Сан Франциско.

Инглвуд ќе биде домаќин на Супербоулот во 2027 година, а Атланта ќе биде домаќин на оној во 2028 година.

ИЗДВОЕНИ